речник контакт

Од сабота почнува примената на системот „Безбеден град“ во Велеc

Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, зголемување на сообраќајната дисциплина - велат од МВР

Петар Печков

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од сабота, 12 септември  системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Велес. Велес е од сабота, Кавадарци, Неготино и Демир Капија до крајот на месецов. 

„По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес. Со активирањето на системот   ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата“ – соопштија од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »