речник контакт

Од сабота со воз од Велес за Солун за само 20 евра

Возот секоја сабота ќе тргнува од Велес во 5,40 часот а ќе се враќа во 20,11 по грчко време в недела. Цената е 10 за во еден правец и 20 евра за двата правца

Петар Печков

 По две години пауза, повторно низ Велес ќе сообраќа меѓународен воз. Македонски железници од сабота воведуваат сезонски воз на релација Скопје - Солун - Скопје. Сезонскиот воз ќе сообраќа до 30 септември.

МЖ Транспорт  соопшти дека со Грчките железници се договориле од 14 јули да воведат сезонски воз кој ќе сообраќа секој викенд.

Возот ќе тргнува од Скопје секоја сабота во 05:05 наутро и преку Велес во 5,40 часот, Неготино и Гевгелија ќе стигнува во Солун во 10:24 часот по грчко време. Од Солун возот ќе тргнува секоја недела во 20:11 часот по грчко време и во Велес ќе пристигнува во 22:33 часот.

Цената на возниот билет на релација Велес – Солун, односно Солун - Велес за втора класа ќе изнесува 620 денари, а повратниот Велес – Солун – Велес и обратно 1240 денари евра.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »