Петар Печков
Објавено: петок, 28 јули 2023
Двата „ер трактор“ авиони за гаснење на пожари на отворени се вратија во Македонија. Така сега сите три сега се подготвени и во можност, по потреба да интервенираат.
„Вчера, четврток се врати едниот од двата авиони кој беше на сервис а денес доколку пладне слета и вториот. Со тоа сите три се сервисирани и подготвени за интервенција“ - информираа од Дирекцијата за заштита и спасување ( ДСЗ).
Двата авиони „ер трактор“ беа во Хрватска на поправка . Од ДЗС велат дека се подготвени за летото и потенцијалната опасност од пожари, а формирани се и дежурни екипи.
Според Центарот за управување со кризи (ЦУК) изминатото деноноќие во Македонија имало 19 пожари, сите на отворено и сите до доцна вечерта биле локализирани. Утрово немало активен пожар.
Tweet |