Петар Печков
Објавено: четврток, 06 октомври 2022
Од наредната седмица Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ започнува со одигрување претстави на редовниот репертоар.
Овој месец, октомври, ќе се играат четири претстави: „Синиот портокал“од британскиот автор Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски, која веќе пет и пол години се игра на малата сцена и се уште е актуелна и гледана од публиката, „Четири соби“ работена според истоимениот филм, омнибус од четири дела, во адаптација и режија на Синиша Ефтимов, „Сара“ од Катерина Момева, во режија на Елеонора Теова.
За крајот на месецот е најавена премиерата на претставата „Инферно“ според „Пеколот“ од Данте Алигиери, во режија на Дејан Пројковски.Сите претстави започнуваат од 20 ч.
Tweet |