Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 април 2020
Од среда полицискиот час на целата територија на Македонија ќе почнува во 16 часот и ќе трае до 5 часот наутро.
За време на викенди, движењето ќе биде целосно забрането, односно полицискиот час ќе трае петок од 16 до понеделник до 5 часот.
Лицата над 67 години од четврток ќе можат да излезат од дома од 10 до 12ч. а младите до 18 години од 13 до 15ч.
Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.
Ова се одлуки на Владата а по препораките на Комисијата за заразни болести а преземени во рамките на заштита од епидемијата на ковид -19.
Tweet |