Петар Печков
Објавено: вторник, 10 ноември 2026
Како дел од содржините на на одбележувањето на 9 Ноември, Денот на ослободувањето на Велес, од утре среда 11-ти до понеделник 16 ноември, ќе се одржат 59-тите Детски Рацинови средби.
Манифестација е посветена на творештвото, литературата и уметничкото изразување на најмладите.
Поетскиот конкурс е на тема „Моето и Рациновото утре“ на кое можеа да учествуваат ученици во три возрасни категории од 6-7 одделение, 8 и 9 одделение и за средните училишта. Ликовниот конкурс кој е за истите категории е на тема „Рацин и неговите стихови преточени во слика“. И двата конкурси беа меѓународни.
Програмата опфаќа литературни, ликовни и грнчарски работилници, книжевни средби, посети на Спомен-куќата на Рацин. Свечената завршна програма со доделување награди на најуспешните ученици е најавена за понеделник од 14ч. во салата Бели мугри.
Предвидена е промоција на книгата „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана Црвенковска, запознавање со поетското творештво на поетесата Македонска Јанчевска.
Организатор на 59 Детски Рацинови средби e Градската библиотека „Гоце Делчев“ од Велес.
| Tweet |




