Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 февруари 2015
Се е пониска возрасната граница на зависниците во градот. Тоа се деца и од школска возраст од повисоките одделенија. Алкохол, цигари,дрога тие се најголемите пороци кај помладата популација. Надлежните алармираат дека се намалува долната граница кај младите кои консумираат некои од современите пороци.
Причинети заради кои младите посегнуваат по овие работи се радозналост, потоа да се биде фраер во друштвото. Но за жал причина е и недоволната грижа од страна на родителите - вели Димитар Каракулев, самостоен инспектор за превенција при СВР Велес.
Токму од овие причини се започна со трибини по училиштата со цел да им се укаже на штетноста од пороците, на учениците од велешко. Ќе се разговара со учениците од деветто одделение и сите четири години од средните училишта. Ќе им се укажува на опасностите кои ги предизвикуваат алкохолот, цигарите и дрогата. И докторите со идентичен став, употребата на овие пороци е љубопитност и желба за истакнување во друштвото.
Опасностите се по нивното здравје, нарушување на работата на органите ,но и нивното однесување. Едноставно тие луѓе потешко фукнционираат и потешко водат нормален живот - изјави др. Снежана Петрова, специјалист по хигиена и здравствена екологија од ЈЗУ Центар за јавно здравје.
Според податоците на здравствените власти и полицијата, во претходните три години е забележано намалување на бројот на млади кои се лекуваат од зависности. Во Велес во последните три години нивниот број се намалил за една третина. Ако пред три години се лекувале шеесет зависници, лани на медицински третмани биле подложени 40 уживатели на опојни наркотични средства или четири помалку од 2013 година. Тоа не е укажува дека се намалува и бројот на зависници во градот. Во градот никој нема евиденција колку зависници од пороците има. Во велешкиот Црвен крст има проект за ресоцијализација на зависниците од дрога и него го посетуваат 1633 лица.
Tweet |