речник контакт

Од пријавени 46 деца, 40 денес примеле вакцина „Фајзер“ во Велес

Повеќе од стотина лица примија вакцина денес без закажан термин

Петар Печков

Денес започна вакцинацијата за деца од 12 до 17 годишна возарот. Во вакциналниот пункт во Велес има пријавено 79 деца а денес се вакцинираа тие на возраст од 16 и 17 години.  

„Имаше термини за 46 деца, дојдоа 40 и нив им беше пуштена вакцина „Фајзер“. Добија и покана за втора доза по 21 ден“ - кажа д-р Пандели Божиков од Здравствен дом Велес, каде се пушташе оваа вакцина за заштита од ковид-19.

Во исто време во овој пункт се пушташе прва доза „Синовак“ без закажан термин. До 13ч. биле вакцинирани околу стотина граѓани. 

Во вакциналниот пункт во спортска сала „УЗУС“  започна пуштањето на втора доза „Фајзер“ и поради големиот број на лиџа кои беа да ја примат, денес и утре тој работи од 8 до 17ч.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »