Петар Печков
Објавено: недела, 25 февруари 2018
Ноќата помеѓу петокот и саботата од продавница украдени се 22 лап топи, како и автомобил паркиран пред неа. Сторителот (те) засега непознати.
На 23/24.02.2018 година во периодот од 20,30 до 04,30 часот во Велес во продавница на ДОО „Нептун“, непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што со употреба на подесен алат ги отстранил катанците од влезната врата, го искршил стаклото, влегол внатре и одзел 22 лап-топ компјутери, разни марки и модели, по што го напуштил местото на настанот. Во истиот временски период, извршено е и кривичното дело “одземање патничко моторно возило“, при што е одземено „Фиат Уно“ со велешки регистарски таблички , сопственост на С.П. од Велес кое било паркирано во непосредна близина на наведената продавница - информираа од МВР.
Tweet |