речник контакт

Од 7 до 9 октомври повторно велешката Питијада

Просторот останува пред Панини

Петар Печков

Од 7 до 9 октомври во Велес по три годишна пауза ќе се одржи манифестацијата „Велешка питијдада“. На последната седница на Советот, одговарајќи на советнички прашања, градоначалникот Марко Колев соопшти дека таа ќе трае три дена, ќе биде на истата локација како претходни години, кај Панини.

Во однос на учесниците не спомена имиња, не прецизираше кој ќе пее, но нагласи дека ќе бидат македонски изведувачите.

„Не е време да се расфрламе со средства. Ќе се потпреме на домашни музички групи и изведувачи. Велес има сериозен проблем со просторот. Немаме плоштад каде да се одржува манифестацијата. Така бројни пивари, кои може да бидат спонзори, не доаѓаат оти нивните бини не може да ги лоцираме, поставиме на соодветно место. И за разлика од Струмица, Прилеп, ние мора да се потпираме повеќе на средства од сопствениот буџет и помалку од  спонзори“ - кажа Колев.

За оваа намена се пренаменија 2,5 милиони денари од општинскиот буџет и се очекува да се соберат околу еден милион од спонзорства.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »