Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 јули 2021
Почнувајќи од 12 јули, ќе може да се вакцинира секој граѓанин без разлика дали е пријавен или не се пријавил на веб страницата vakcinacija.mk Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, со личен документ на вакцинален пункт.
Паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk
Од 12-ти јули вакцинацијата на граѓаните ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација. Ова го најавија надлежните од Министерството за здравство.
Tweet |