Петар Печков
Објавено: среда, 31 август 2022
Од 4 до 10 септември Велес ќе биде домаќин на првиот фестивал на џез , ворлд и современа музика. Тој ќе се одржи на неколку локации а организатор е здружението „Арт Генератор“, кое ја доби делегираната надлежност за организација на настанот.
„Предвидено е фестивалот на да има четири вечери, концептуално поделени по жанрови. Се надевам дека публиката ќе ужива во сите четири фестивалски вечери и изборот на музиката и учесниците кои го нудиме “ кажа Борче Пејчев, организатор на манифестацијата.
На фестивалот ќе настапат составот „Перија„ , Енес Беговски, Дина Јашари, Сашко Костов, Летачки Пекинезери, Такси Конзилиум, Бобхедс. Концертите на Спомен Костурница И во „Паб“ се бесплатни, додека концертите во салата на велешки театар се со билет.
„Сакаме на велешката публика да и понудиме поширок асортиман на музички жанрови, современа музика, поширока лепеза која ќе ги заинтересира. По концертите во театарот, на паркингот ќе има афтер парти со ДЏ сетови“- изјави Сашко Костов, дел од организацијата на фестивалот.
Тој е финансиски поддржан од Општина Велес и помагателите, спонзори.
„Ги поканувам велешани, но и жителите од соседните општини да ни се приклучат, да бидат гости на фестивалот, заедно да уживаме, во првото негово издание„ - рече градоначалникот Марко Колев.
Tweet |