речник контакт

Оздравени 76 пациенти позитивни на ковид-19 од велешко, во Болница 37

Активeн во велешко е 101 случај

Петар Печков

Изминати 24 часа во велешко се регистрирани три лица кои се ново заразени со ковид19, а заразени се 76. Ова се податоци кои ги објави Институтот за јавно здравје. По ова бројката на активни случи во велешко е 101 лица досега биле заразени 5.462

Во велешка Болница  хоспитализирани се 37 пациенти,  од кои  23 се потврдени позитивни,  двајца сомнителни  и 12 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

Во текот на вчерашниот ден една пациентка, позитивна на ковид-19, на 54 годишна возраст е префрлена  на Инфективна Клиника. На кислородна поддршка се 20 пациенти. Испишани се осум  пациенти како оздравени со по еден  негативен тест - информира д-р Елеонора Јвоанвоа, портпарол на Општа Болница Велес.

На Инфективно  се згрижени 17 пациенти, на Интерно пет и во Модуларната болница 15.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »