Петар Печков
Објавено: сабота, 06 април 2013
Додека се проширува човековото присуство по земјава, преостанатата дивина на нашата планета се намалува. Сепак, нурнете само неколку метри под површината на океаните, и ќе влезете во свет каде луѓето многу ретко се присутни.
Во многу нешта тоа е заборавениот свет на Земјата. Смешна мисла кога ќе го прифатите сознанието дека океаните прават 90 отсто од живата површина на планетата, и се дом на повеќе од еден милион видови, почнувајќи од најголемите животни на планетата - синиот кит - до еден од најчудните - рибата која е надувува.
Сепак, оддалеченоста не ги остави океаните и нивните жители непогодени од луѓето, заради претераниот риболов, климатските промени и дестабилизирачкото загадување на морињата низ целиот свет.
Многу поморски научници сметаат дека претераниот риболов е најголемата од наведените закани. Пописот на морскиот живот, кој е една деценија стариот меѓународен попис на животот во океаните, е завршен во 2010, и во него се проценува дека 90 проценти од големите риби исчезнале од светските океани, како жртви примарно на претераниот риболов.
Во 1930-ите и 1940-ите, секоја година десетици илјади парчиња сина туна се ловеле во Северното море. Денес тие исчезнале од морињата во Северна Европа. Рибата иверка настрадала со слична судбина, и воглавно исчезнала од Северниот Атлантик во 19-иот век.
Во некои случаи, катастрофата е проширена низ цели риболовни тертитории. Малкуте рибари кои останаа во Ирското Море, на пример, се враќаат од риболов празни, освен со малку морски ракчиња и школки, вели поморскиот биолог Калум Робертс, од Универзитетот Јорк во Велика Британија.
„Дали преостанатите протеини се оној вид на морска средина која што ја сакаме или ни треба? Не, ни треба онаква со разновидни видови, кој ќе биде поотпорна на условите кои ги очекуваме од климатските промени“, вели Робертс.
Ситуацијата во Југоисточна Азија е уште полоша. Во Индонезија, луѓето сега ловат млади риби и протеини кои ги користат во рибните оброци, и ги користат како храна за крајбрежните фарми на ракчиња. „Одиме кон крајот на играта“, ламентира Робертс.
Од кон катастрофа
Еден посебен вид риболов, наречен длабински риболов, е виновен за најлошата и непотребната штета. Тоа се прави со спуштање на големи мрежи, во некои случаи широка и до 60 метри, во морињата и нивно влечење со тешки тегови по дното.
Поморските конзерватори го споредуваат ова со булдожер, кога мрежата се влече и по 20 киломери, и попат собира желки, корали и се друго што ќе и се најде на патот. Попат собраните и непосакувани риби, и друг живот од океаните, се враќаат назад во морето, а тој може да достигне до 90 отсто од вкупниот улов.
Се проценува дека помеѓу 1990 до 2008 се убиени до еден милион морски желки во овој метод на риболов, стои во извештајот објавен во Конзерваторски писма во 2010, како една од најзагрозените видови кои се на листата на ИУЦН за загрозени видови.
Активистите, со поддршка на поморските научници, постојано се обидуваат да ги предупредат земјите да се согласат на меѓународна забрана, со фактот дека индискриминирачката природа на длабинскиот риболов предизвикува неповратна штета за коралните гребени и за видовите риба кои бавно растат, и потребни се децении тие да достигнат зрелост, па затоа бавно го пополнуваат бројот на нивниот вид.
„Тоа е слично како кога се искоренува ливада до диви цвеќиња, затоа што на некои тоа им се може“, вели Робертс. Други пак го споредуваат ова со уништувањето на шумите во тропските џунгли.
Влијанијата од длабинскиот риболов се илустрираат со исчезнувањето на длабокоморската риба „портокаловата рафти“ (позоната и како „тесноглава риба“), чија бројност се намалила за повеќе од 90 отсто, велат поморските научници,.
Портокаловата рафти се наоѓа во и околу морските територии богати со минерали, кои често формираат корали и се храна и дом на разновиден поморски свет. „Секаде каде ќе одите и ќе се обидете да ловите со мрежи, ќе уништите и корали кои живеат таму, а има многу примери каде тоа се прави со мрежите“, вели Рон Одор, виш научник во Пописот на морскиот живот.
„Ако јас управувам со светот, тоа ќе биде забрането, тоа е толку деструктивен метод на риболов. Рибарите имаат други методи, како што се плиткто ловење, што предизвикува далеку помала штета.
„Онаа вистина која вознемирува е дека луѓето имаат непризнато влијание врз секој дел од океаните, и токму тоа е она што нема изглед да престане пред да се случи најлошото“, вели Одор, кој е исто така и професор по поморска биологија во Универзитетот Далхаус во Халифакс, Канада.
Киселински тест за морските видови
Истовремено додека рибните територии и виталните морски екосистеми како коралите се напаствуваат, океаните продолжуваат да обезбедуваат витални услуги, при што апсорбираат една третина од емисиите на јаглерод диоксид кој го создава човекот, и создаваат 50 отсто од сиот кислород кој го дишеме.
Но апсорпцијата на зголемините колични на јаглерод диоксид (ЦО2) има своја цена, со што се зголемува киселоста на водата.
„Од она што се случува, двете најлоши нешта за океаните се глобалното загревање и прокиселувањето на океаните“, вели Одор. „Тоа ќе има страшни последици врз коралните гребени. Заради прокиселувањето, всушност, коралите не можат да растат и ќе исчезнат“.
Со почетоот на индустриската револуција во 18-иот век, океаните стана покисели за 30 проценти, а се предвидува дека до крајот на овој век ќе бидат за 150 % покисели, стои во извештајот на УНЕСКО објавен минатата година. „Постои корален гребен во Новешка, кој беше откриен во 2007, и до 2020 тој ќе исчезне“, вели Одор.
„Проблемот е што прокиселувањето е полошо во близина на половите, заради водата со пониска температура која впива повеќе киселина. Тргнувајќи од северниот пол и одејќи надолу, овие гребени се повеќе ќе страдаат“.
Сегашните проценки се дека 30 проценти од коралните гребени ќе бидат загрозени до 2050, вели Одор, заради ефектите од прокиселување на океаните и од глобалното загревање. Повисоката киселост исто така ја спречува способноста на морските организми да растат, да се репродуцираат и прочистуваат. Пописот на морскиот живот изнесе податок дека фитопланктонот, микроскопското растение кое создава најмногу кислород во океаните, опаѓа за скоро 1 отсто секоја година, почнувајќи од 1900 наваму.
Опаѓачкиот број на помали, но помалку познати видови и на вегетаивниот живот, има значајно влијание понатаму во ланецот на исхрана во морињата. На пример, морските птици кои живеат и се размножуваат на Шпицберген - норвешкиот остров во близина на Арктикот - се збришани заради менувањето на нивните претходни извори за прехрана.
Донесување закони и наредба за заштита на океаните
„Постои релативен недостаток од јавна и политичка свесност за овие проблеми“, вели Алекс Роџерс, професор по конзевраторска биологија во британскиот Унивезитет Оксфорд.
„Тие се преголеми за да се сфатат во економска смисла. Можеме да измериме колкава е загубата при риболов, но како да измериме колкава е вредноста на производството на кислород или на апсорпцијата на јаглерод диоксид?“, вели тој.
Проблемот е што поголемиот дел од светските океани се надвор од меѓунаордните закони и од легалната контрола. Секој обид да се имплементира правила и одредби доаѓаат во судир со нивното извршување, вели Роџерс, кој е исто така научен директор на Меѓународната програма за состојбата на океаните (ИПСО).
Морските конзерватори проценуваат дека најмалку 30 отсто од океаните мора да бидат покриени со поморски заштитни зони, каде риболовот и од речиси растечкото подводно рударство на вредни минерали од морското дно, ќе бидат забранети или ограничени. Калум Робертс, кој помогна во создавањето на новата мрежа на поморски заштитни зони на отворените мориња во 2010, вели дека самите тие не се доволни.
„Ќе резимирам вака: мораме помалку да риболовиме и со помалку деструктивни мерки, со помалку загадување, а повеќе да заштитуваме“, вели Робертс.
„Со ваквата промена на курсот, ќе бидеме сведоци на опоравувањето, разновидноста и виталноста на морскиот живот, кој ќе им даде на океаните отпорност да ги пребодат тешките времиња кои претстојат. Без таква акција, нашата иднина е бледа“.
преземено од Си-Ен-Ен
Tweet |