речник контакт

Октомври месец велешки театар со премиера, гостувања и враќање на сцената на претставите кои се играа пред полн салон

Хит претставите повторно пред велешката театарска публика, Тестостерон, Вечера за глупаци, Мало невино убиство, Синиот портокал...

Петар Печков

Месец октомври за велешки театар започнува на 8-ми  четврток со премиерата на претставата „Ние двајцата и Алојз“ во режија на Деан Дамјановски, работена според драмата на Космин Станила „Сите нешта кои ми ги зеде Алојз“. Со оваа претстава актерката Слободанка Чичевска одбележува јубилеј – 45 години професионално актерско појавување и 40 години од нејзиното официјално вработување во велешкиот театар. Во претставата покрај Чичевска играат и првенецот на Велешки театар Васил Зафирчев и Филип Христовски. Претставата ќе биде одиграна и на 13 октомври -вторник и на 21 октомври среда.

На сцената се враќа обновената детска претстава „Мачорот во чизми“ која ќе се одигра на 9-ти октомври -петок на детскиот театарски фестивал „Малиот принц“ во Штип. 

На 14 октомври среда е „Мало невино убиство“, на 16-ти петок и 28-ми среда  е комедијата „Тестостерон“ а 27-ми вторник исто така комедијата „Вечера за глупаци“.  На 22 октомври, четврток е црната комедија „Нона“  која  на почетокот на септември ја имаше премиерата. За крај на октомври, 29 четврток е култната „Синиот портокал“ која на сцената е осум години со повеќе од сто претстави.

Овој месец, октовмри велешки театар има повеќе гостувања за што пишуваше ТрМр. На 2-ри октомври е во Тетово на меѓународен театарски фестивал со „Вечера за глупаци“, истата ќе се одигра и во Виница на фестивалот „Во Виница е вистината“   на 10 октомври, и во Прилеп на 15 октовмри -четврток. 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »