речник контакт

Онаму каде жртвувањето на децата е бизнис

Селските и фармерските заедници кои го опкружуваат главниот град на Уганда, Кампала, се обвиени со страв.Деца се киднапираат и на најсуров начин се убиваат. Во 21 век......

Петар Печков

Учениците будно се надгледувани од наставниците и родителите додека одат од дома кон училиште. Во парковите и по улиците се излепени предупредувања заради опаасност од грабнувања од гатачите, со цел жртвување на децата.

Ритуалот за кој некои веруваат дека носи богатство и добро здравје, беше скоро непознат во земјата се до пред три години, но повторно се појави најверојатно заедно покрај економскиот бум во земјата.

Пронајдени се осакатени тела на деца покрај патиштата, жртви на наводно се пораширено верување во моќта на човечкото жртвување.

Бизнис со жртвување

Многумна веруваат дека членовите на новата елита во државата им плаќаат на гатачите огромни суми пари за жртвувања, во желбата да си го зголемат богатството.

Во бискупијата за детска грижа во Кјамписи Кјамписи, пасторот Питер Севакиријанга ги учи локалните деца песна наречена „Излечи ја нашата земја, стави крај со жртвувањата на децата“.

Да се слушне како десетина млади гласови пеат такви шокантни зборови не потсетува на тоа како ритуалните убиства станаа дел од секојдневието.

- Жртвувањето на децата порасна затоа што луѓето станаа алчни за пари. Тие сакаат да бидат побогати, вели пасторот. - Тие веруваат дека кога жртвуваш дете, стануваш побогат, и постојат луѓе кои сакаат да ги купат овие деца за таа цел. Па така тоа стана раскош за размена, жртвувањето на деца стана комерцијален бизнис.

Пасторот и неговите помошници лобираат кај владата да ги стават во ред врачевите и да се подобрат полициските ресурси за да ги истражат овие криминали.

Според бројките на полицјата, во 2006 имало едно жртвување на дете, во 2008 полицијата вели дека истражувала 25 наводни ритуални убиства, а во 2009 уште 29.

Полициската едница за борба против човечки жртвувања, оформена како одговор на се поголемите бројки, вели дека стапката на ритуални убиства се намалила, наведувајќи 38 случаи од 2006 наваму.

Пасторот Севакиријанга ги негира полициските бројки, наведувајќи дека во неговата парохија има повеќе жртви отколку во официјалната статистика за цела држава.

Работата на полициската единица беше силно критикувана од британската хуманитарна организација Џубили кампеин.

Од таму велат дека вистинските бројки на случаи се стотици, и тврдат дека повеќе од 900 случаи треба допрва да се истражат од полицијата заради корупција и недостиг на ресурси.

Тивки пари

Тепененси ме води во поле блиску до нејзината куќа каде го пронашла телото на нејзиниот шестгодишен внук Стефан, кој бил фрлен во прашината. Таа трепереше додека покажуваше кон местото каде го пронашла обезглавеното тело; детето било исчезнато 24 часа.

- Ми понудија пари да молчам, вели таа. - Ја одбив понудата.

Никој од владата на Уганда не сакаше да биде интервјуиран. Полицијата ги негира обвинувањата за соучесништво и корупција.

Шефот на полициската единица за борба против човечки жртвувања, комесарот Бигноа Мозес, вели дека полицијата прави се што може да се справи со проблемот.

- Понекогаш не обвинуваат за овие нешта бидејќи не апсиме, но ограничени сме. Ако добиеме информација дека некој е вовлечен во криминални активности како што е човечкото жртвување, ќе одиме и ќе истражиме, и ако тоа може да се докаже, ќе го изведеме пред суд, но понекогаш случаите не можат да се докажат.

Кастрирано момче

Во главната болница во Кампала, неврохирургот Мајкл Мухимуза ми покажува рентгенски снимки на страшните повреди кои ги преживеал деветгодишниот Алан.

Лекарите откриле како му фали коска во главата и дека има повреди во неговиот мозок, направени откако мачета минала низ главата и рамениците на Алан во обид да го обезглават; тој бил и кастриран од гатач. Тоа било еден месец пред Алан да се разбуди од кома, откако бил фрлен во близина на неговиот дом на село.

Алан може да ги идентификува напаѓачите, меѓу кој е и човек по име Авали. Но, полицијата вели дека сведочењето на Алан не може да го земе за веродостојно.

Локалните луѓе ни кажаа дека Авали продолжува да биде инволвиран во жртвување на децата.

Почнав лична истрага и се претставив како локален бизнисмен. Се распрашував за врачеви кои можат да ми донесат просперитет на мојата градежна компанија. Некои луѓе наскоро не донесоа кај Авали. Тој не одведе во дворот зад неговата куќа, и за добредојде тој и неговите помошници кутнаа една коза на земја и и го пресекоа гркланот.

- Ова животно беше жртвувано за на сите да ни донесе среќа, објасни Авали. Потоа ни побара 390 долари за ритуалот и побара да се вратиме за неколку дена.

Следното утро, Авали не покани во неговиот храм, кој е традиционално изграден од цигли од кал и со сламен покрив. Внатре подот беше посеан со тревки, на ѕидот имаше маски на лица, тропалки и мачета.

Гатачот ни објасни дека на оваа средба била да поразговараме за најмоќната магија - жртвување на дете.

- Постојат два начини ова да се изведе, рече тој. - Можеме детето живо да го закопаме на вашето градилиште или можеме да го исечеме на неколку парчиња и крвта да ја ставиме во шишенце од духовен лек.

Авали се грабна за врат. - Ако е момче, се отсекуваат неговата глава и гениталиите. Ќе ископаме дупка на вашето градилиште и заедно со дланките и ќе ги закопаме во дупката.

Авали објасни дека претходно многу пати жртвувал деца и дека знае што прави. По средата, се повлековме од преговорите.

На полицијата и ги дадовме нашите белешки. Авали е се уште слободен човек.

Без глас

Семванга, татко му на Алан, го продаде домот за да го плати лекувањето на син му и се пресели во сиромашните предградија во близина на главниот град.

Седев на скалилото пред нивната склопена куќа, направена од рѓосани парчиња лим и на Алан на лаптоп му ја покажав снимката од нашпата средба со гатачот . Покажа со прстот кон екранот и врисна „Авали!“, со што потврди дека тој е човекот кој го грабнал.

Пасторот Севакирјанга вели дека без целосна примена на законот, малку може да се стори да се заштитат децата од Уганда од верувањето во моќта на човечкото жртвување.

- Децата немаат глас, тие се замолчени од законот и од недејствувањето на полицијата, а луѓето кои читаат весници не прават ништо, па ние самите треба да застанеме и да направиме се што можеме да го истераме ова зло, и можеме само да се молиме дека владата ќе не послуша.

Текстот е преземен од Би-Би-Си - Лондон

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »