Петар Печков
Објавено: петок, 03 јули 2026
Меѓусебна пресметка на четири лица во населба Керамидна, употребен и дрвен предмет. Полицијата ги привела сите четворица, па ќе се истражуваат причините за инцидентот.
„На 01 јули во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода М.А.(35 год), Б.Г.(59 год), Т.Р.(65 год) , Г.Р.(38), сите од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Павел Шатев“ во Велес, по кратка расправија настанала физичка пресметка помеѓу нив, при што бил употребен и дрвен предмет. Предметот бил пронајден и одземен, а тие биле задржани во полициска станица“ – соопшти Ана Милевска Ѓоргиева, портпарол на СВР Велес.
Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
| Tweet |




