Петар Печков
Објавено: четврток, 16 април 2015
Локалната власт од Велес и подари на велешката касарна ,,Алексо Демниевски Бауман,, живини светилки и канделабри за осветлување на просторот. Советот едногласно го прифати барањето на командантот на касарната, кој ги побарал светлечките тела, кои општината ги замени со штедливи натриумови светилки.
Општина Велес по реконструкцијата на уличното осветлување на живините светилки со нови штедливи, располага со старите кои се уредно зачувани и дел од нив можат да се дадат на Касарната „Алексо Демниевски Бауман“. По барањето за нови канделабри Општината може да додели на трајно користење десетина за да се постават во дворот на касарната, а со тоа ќе се подобри осветлувањето - велат од општина Велес.
Отстапени се 10 канделабри со висина од 4,5 метри и дел од заменетите живини светилки. Тие беа побарани оти ,,постојното осветлување во касарната е во лоша состојба,, пишува во писменото барање. Постојните канделабри во касарната биле дотраени и стари а дел од сијаличките места прегорени.
Tweet |