речник контакт

Општина Велес доби сертификат за стандардот ISO 9001

Општина Велес доби сертификат за воспоставен систем за управување согласно стандардот ISO 9001-2008, во областа на извршувањето на услуги од надлежност на локалната самоуправа.

Петар Печков

Општина Велес доби сертификат за воспоставен систем за управување согласно стандардот ISO 9001-2008, во областа на извршувањето на услуги од надлежност на локалната самоуправа. Сертификатот го додели Институтот за квалитет на Република Словенија. Со добивањето на сертификатот, Општина Велес стана една од ретките во Македонија со воспоставен систем на управување со квалитет според стандардот ISO 9001-2008.

За локалната власт овој сертификатот значи уште поголема обврска таа постојано да ги подобрува своите услуги, да обезбеди максимално активно учество на граѓаните во одлучувањето и да ја зајакне отчетноста и транспарентноста. Воспоставувањето на системот за управување со квалитет е финална активност на проектот „Борба против корупцијата за подобро управување“ што со поддршка на Програмата за развој на Обединетите Нации-УНДП, се реализираше во четири општини во Македонија. Добивањето на сертификатот е дел од исполнување на Акциониот план на Општина Велес за борба против корупцијата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »