речник контакт

Општина Велес од Владата доби 8,8 милиони денари, Општина Чашка 19 милиони денари за инфраструктура

Општина Градско доби 2,4 милиони а општина Лозово седум милиони денари. Средствата се наменски за изградба на инфраструктура

Петар Печков

Владата објави на кои проекти ќе се потрошат поголем дел од парите кои беа предвидени за изградба на карго аеродром од Штип. Од вкупно планирани 49 милиони евра, со владина одлука, 35 милиони евра се прераспоредени за реализација на 99 инфраструктурни проекти во 75 општини.

Општина Велес доби 8,8 милиони денари или 142 илјади евра за два проекти, покривање на отворен канал од Фабрика Благој Ѓорев до уливот во река Вардар во висина од 5,85 милиони денари и реконструкција на фасада и кров на средното економско училиште Јовче Тесличков со 2,97 милиони денари.

Најмногу пари доби Општина Чашка 19,55 милиони денари или 314 илјади евра за изградба на спортска сала во Горно Јаболчиште.

Општина Градско доби 2,38 милиони денари или 38 илјади евра за два проекти, изградба на по една улица во село Ногаевци и село Кочилари.  

Општина Лозово доби седум милиони денари или 113 илјади евра, за изградба на водоводна мрежа во село Каратманово.
Најмногу пари ќе добие Град Скопје 6,6 милиони евра за два проекти: изградба на клучката кај Момин Поток и мостот „Карпош“. Општините Шуто Оризари, Штип, Чаир, Струмица, Тетово, Кичево, Струга  ќе добијат над 1,1 милион евра.

Кавадарци ќе добие 46 милиони, Прилеп 42 милиони,  Битола 50 милиони, Кочани 44 милиони, Охрид 38 милиони, Гостивар 29 милиони, Сарај 50 милиони, Битола 50 милиони, Долнени 41 милиони, Липково  40 милиони, Ново село 40 милиони, Куманово 47 милиони, Гази Баба 40 милиони денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »