Петар Печков
Објавено: среда, 08 февруари 2012
Од почетокот на месецов општина Велес ја доби надлежноста од Министерството за транспорт и врски за продажбата на градежното земјиште.
Пред два дена ја добивме лиценцата за продажба на градежно земјиште, за што е формирана и комисија. Сите предмети кои беа вратени од министерството како незавршени за продажба, ќе се довршат и стават на продажба. Така започнавме да го остарувавме нашето децентрализирано право да го продаваме градежното земјиште, во постапка и процедура која нема да се разликува до досегашната – изјави Горан Петров градоначалник на Велес.
Извесно е дека првите продажби ќе се однесуваат на локациите за парцели за бензински пуми кои бае објавени пред некој ден од страна на министерството и експресно повлечени. И натаму останува 80 отсто од прибраните средства да се приход на општината а 20 отсто на државата.
Tweet |