Петар Печков
Објавено: среда, 09 февруари 2011
Општина Чашка целосно го замени училишното осветлување со нови економични светилки. Во 35 населени места заменети се 1300 светилки, кои за период од три години ќе ја вратат инвестицијата вредна 5,4 милиони денари. Со новите светилки се заштедува електрична енергија и до 60 отсто.
Истовремено се поставуваат нови бандери, канделабри и нова мрежа за што помалку темни зони во селата од општината која е рурална. Таа зафаќа 825 км квадратни и е трета општина во земјава по површина и повеќето села се планински, што за локалната власт, поставувањето на новите светилки е значаен резултат.
Tweet |