речник контакт

Општинската депонија за смет е оградена

На овој начин повеќе сметот не се разнесува надвор од кругот на општинската депонија која има површина од 30 ха

Петар Печков

Од своето основање во 1976 година до денес, градската депонија за комунален отпад никогаш не била оградена по целиот периметар и секогаш постоел слободен влез и  за луѓе и животни. Депонијата има површина од 30 ха и се депонираат дневно по 90 тони смет. 

Согласно задолженијата од Државниот инспекторат за животна средина и предвидените активности во Програмата за управување со отпад за 2014 ЈКП Дервен пристапи кон комплетно оградување на општинската комунална депонија. За таа цел поставени се 600 бетонски столбови, 7500 метри бодликава жица и 200 метри мрежа. Ова е сработено и изведено со сопствени средства на Јавното претпријатие.  Целта била да не влегуваат луѓе и  животни и тие да не го разнесуваат сметот депониран таму – велат од ЈКП Дервен.

Таму се депонира индустриски и комунален неопасен смет.  На оваа депонија се носи и сметот од селата Башино село, Горно Оризари, Раштани, Мамутчево, Чолошево, Отовица, Сујаклари. А во наредниот период најдоцна до крајот на  2015 година  ќе започне собирањето на смет од Бузалково, Караслари, Клуковец, Кумарино и  Иванковци. 

Од ЈКП Дервен најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат активностите  кои се насочени кон подобрување во одржувањето и управувањето со отпадот, за да се превенираат несакани влијанија  врз животната средина од активностите во депонијата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »