Петар Печков
Објавено: среда, 06 мај 2020
Дел од жените од Горно Оризари и Раштани денес добија заштитни маски за лице. Нив ги донираше Општинската организација на жени од Велес. Биле поделени стотина а ги изработила членката на организацијата, Јагода Пачемска, кој е цвеќарка по професија. Материјалите биле обезбедени од организацијата.
Оваа наша активност денес е наши придонес да се почитуваат препораките и се носат заштитни маски. Хуманоста ја покажаа членките од организацијата во овие тешки моменти - изјави Мирјана Трајковска, претседател на Организацијата на жени.
Од организацијата потсетуваат дека имаат на располагање бесплатна правна помош и психолошка помош за жени жртви на семејно насилство Велес
070/645-318 075/ 603-348
Центар за жени жртви на родово базирано и семејно насилство Велес 076/340-225
Tweet |