Петар Печков
Објавено: среда, 05 август 2020
Осветлена е трим- патеката во Градски парк. Истата ја користеа рекреативците и спортистите од градот. Осветлен е и фитнес центарот на отворено, исто така во Градскиот парк. Инвестицијата е вредна 428.144 денари, средства од општинскиот Буџет.
Изведбата доаѓа по барање на велешани кои ја користеа патеката и фитнес центарот на отворено. Отсега патеката и справите може да се користат и во ноќните часови, што е особено важно особено во жешките летни месеци, порача градоначалникот Аце Коцевски.
Поставени се 16 метални столбови за осветлување, високи 6 м, на растојание од 35 - 40 м, поврзани со самоносив алуминиумски кабел со должина од 600 м. За да обезбедиме попријатен светлосен амбиент за спортистите и рекреативците поставивме 16 лед светилки со поединечна моќ од 50 W - соопшти Коцевски.
Градоначалникот ја искористи можноста да испрати апел да се чува тоа што се гради, „за да го користиме што подолго и затоа што е градено со пари на даночните обврзници“.
Tweet |