Петар Печков
Објавено: среда, 06 октомври 2010
Пријавениот З.М. во текот 2006-2007 година додека работел како агент за осигурување во Осигурителната компанија АД Сигал-Велес , од АД Благој Ѓорев - Велес лично подигнал разна стока во износ од 184.716 денари на име АД Сигал -Скопје, како компензација за извршени осигурителни работи за АД Благој Ѓорев Велес, и стоката ја продал, а добиените пари од продажбата не ги уплатил во АД Сигал -Скопје, туку ги присвоил за себе.
З.М. додека извршувал осигурителни работи за АД Благој Ѓорев - Велес, фабриката не ги уплаќала доспеаните обврски кон АД Сигал и настанал долг за наплата во текот на 2005-2006 година во висина од 244.716 денари. За да го наплати овој долг, се договорил со директорот на АД Благој Ѓорев и како компензација од фабриката подигнал разна стока во висина на долгот и истата ја продавал во Тедико во Скопје и Мик Унион Велес.
За продажбата добил граѓански чекови кои подоцна требало да ги уплати во АД Сигал во име на АД Благој Ѓорев, но пријавениот не го сторил тоа и ги присвоил за себе. Од страна на Мик Унион Велес во два наврата уплатени се средства и тоа 20.000 денари во АД Благој Ѓорев и 40.000,00денари во АД Сигал.
Tweet |