речник контакт

Ослободителна пресуда за Вранишковски

И на повторното судење на екс Владиката Јован Вранишковски доби ослободителна пресуда откако претходно Апелациониот суд во Скопје ја укина истата пресуда за кривичното дело затајување.

Петар Печков

И на повторното судење на екс Владиката Јован Вранишковски доби ослободителна пресуда откако претходно Апелациониот суд во Скопје ја укина истата пресуда за кривичното дело затајување.

Судијата Валентин Зафиров образложи дека делото за кое се гони Јован не е кривично дело а МПЦ ја упати оштета да бара во граѓанска постапка.

Вранишковски беше обвинет дека во периодот од 24.06.1998 до 09.07.2002 кога бил владика на МПЦ во три нејзини епархии Преспанско-пелагониската, Повардарската и Брегалничката против правно присвоил 325 илјади евра.

Вранишковски се товареше дека парите кои му биле предавани на рака од различни цркви и манастири ги присвоил, дека со црковни пари купувал луксузни возила кои потоа биле продавани или присвоени од негови блиски луѓе.

Тој за финаниските малверзации ги користел хуманитарните организации и црковни економии со кои раководеле негови блиски роднини, злоупотребувал народни пари наменети за изградба ни реновирање на храмови а злоупотребувал и донации.

Вранишковски се бранеше дека трошењето на парите во Црквата не е предмет на работа на обвинителството и судот, дека црквата не води книговодство и таа е одвоена до државата.

Од Велигденските празници па се до заминувањето од затвор на први мај, каде одлежува казна за друго кривично дел, Јован Вранишковски е на слобода, бидејќи ќе го користи правото на годишен одмор, согласно Законот за извршување на кривични санкции. Тој не се појави на изрекувањето на пресудата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »