речник контакт

Ослободителни пресуди за сите тројца обвинети во случајот убиството во Ореше

По промената на изјавата на заштитениот сведок, се промени и одлуката на судот. Ослободителна пресуда, откако претходно обвинетите добиваа казна затвор по 12 години

Петар Печков

Поради немање на докази сите тројца обвинети  за убиството на старецот Лазо Милошевски од велешкото село Ореше се ослободени. Ова е  првостепена и неправосилна одлука на Основниот суд во Велес а се однесува на Горе Петровски и браќата Ордан и Љупчо Георгиевски.  Пресудата беше пречекано  со силна радост, како од обвинетите, така и од нивните роднини и блиски, кои ја наполнија судницата. На Петровски пак му се слоши поради што мораше да  добие и вода за да  дојде при себе.  Разбирлива беше среќата кај обвинетите кога ја слушнаа пресудата.

Конечно по пет годни, талкање низ судовите, 30 месеци во самица, правдата излезе на виделина. Таа е спора ама достижна, може ќе талкате повеќе ама сепак ќе победите. Цело време повторував, не сме виновниците, не сме убијци, не го сторивме делото – рече Ордан Георгиевски.  Тој и неговиот брат Љупчо се заблагодарија на поддршката на семејството што им ја давало цел овој период и побараа полицијата да ги открие сторителите на убиството, во интерес на семејството на починатиот. Првообвинетиот Ѓоре Петровски се пушта на слобода, со тоа што ќе мора да се јавува во велешкиот суд. Тој во притвор во САД и Македонија мина четири години.

Решавачко што судот донесе ваква  ослободителна пресуда беше  што во овој предмет нема никакви докази. Единствениот доказ  беше изјава на заштитениот сведок Бреза,  кој подоцна се повлече со што падна и последниот аргумент дека обвинетите се строители. Се се засноваше на претпоставки без материјални докази - изјави  адвокатот Коста Нојков.  Семејството на убиениот Лазо Милошевски  не се задоволни од пресудата. За нив таа е неправедна. Обвинителството најави дека ќе ја обжали пресудата.

Според обвинението Лазо Милошевски бил  убиен на 2-ри декември 2005-тата година околу 20,45 во неговиот дом во село Ореше со истрел од блискиот  сокак, додека подготвувал вечера. За ова се товарат браќата Љупчо и Ордан Георгиевски,  кои го сториле по нарачка, поради одмазда. Нарачател  е Ѓоре Петровски кој за делото платил 20 илјади долари а причина, што сметал дека Лазо го застрелал  во глава во 1995-та година. Претходно во два наврати браќата добиваа казна затвор по 12 години, која Апелација ја укинуваше. Во третата пресуда, сите тројца беа ослободени

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »