речник контакт

Основен суд Велес издаде уверенија и потврди за 412 лица кои како кандидати за градоначалници и советници, учествуваат на Локалните избори

Документите се изработени со почитување на законските рокови

Петар Печков

Основниот  суд Велес во изминатите 10 дена, со доследно почитување на сите законски рокови, успеа да изработи документи за  412  лица кои побарале по две уверенија, потребни за претстојните локални избори.  

„Издадени се 824 уверенија и потврди од кривична и казнена евиденција, по барање на сите кандидати за членови на совети и кандидати за градоначалници од политичките партии, коалициите и групи избирачи, родени на територија на град Велес, а неопходни за учество на претстојните локални избори“ -  соопштија од Основен суд Велес.

Освен од Велес и соседните општини Лозово, Градско и Чашка,  уверенија и потврди побарале и лица кои се кандидирани во други општини но се родени во Велес - Свети Николе, Росоман, Кавадарци, Неготино... 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »