Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 јуни 2020
СВР Велес излезе со билтенот од продолжениот неработен викенд, од четвртокот до ноќеска, за почитување на мерките за заштита од КОВИД-19, во велешко.
Во овој период констатирани се осум прекршоци за непочитување на полициски час во велешко, четири случаи ноќеска, по два во петокот и саботата.
Изминатите четири дена има 30 жители на велешко во изолација и вкупната бројка денес изнесува 67 додека во самоизолација вкупната бројка е 63 лица.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки - информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Истите четири дена од четвртокот до вчера, во велешко констатирани се 44 прекршоци за не носење заштитна маска, најмногу вчера недела 17, по 10 во четвртокот и саботата и во петокот 7. Против овие лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави за глоба во висина од 20 евра.
Tweet |