Петар Печков
Објавено: петок, 17 јули 2020
Во возило управувано од скопјанец, близу локалитетот Стоби пронајдени 18 мигранти. Настанот се случил, вчера-четврток на пладне, информираа од СВР Велес.
На 16-ти јули околу 14.30 часот на патот Неготино – Градско, во близина на локалитетот Стоби, при контрола на товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(33) од Скопје, во товарниот дел на возилото полициски службеници пронашле 18 мигранти од Бангладеш -сите полнолетни. Возачот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица за понатамошна постапка - информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР ВЕлес.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Неготино. Известен бил Јавен обвинител, а мигрантите биле сместени во Прифатниот тразнитен центар „Винојуг“-Гевгелија.
фото архива
Tweet |