Петар Печков
Објавено: недела, 19 декември 2021
Изминатите 24 часа во велешко има осум нови случаи на лица заразени со ковид-19 додека оздравени се седум, објавија од Министерството за здравство, согласно здравствениот билтен за изминатите 24 часа. Бројот на активни случаи е 170 лица.
Во велешка Болница, на Инфективно одделение има починато еден пациет, на 72 години, маж, од Каратманово со повеќе коморбидитети.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево има згрижено 27 пациент, исто колку и вчера. Од нив 15 се потврдени позитивни со ПЦР тест, непотврден е еден пациент а 11 се негативни, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
„Нема ново примени, нема испишани апциетни. На континуирана кислородна поддршка се 16 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективно одделение згрижени се 22 пациенти и петмина се на Интерно.
Tweet |