Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 септември 2021
Откако во првиот уписен рок беа примени четири студенти на Техничко- технолошкиот факултет со седиште во Велес, во вториот таму се запишаа осум бруцоши. Сите се на државната квота.
Новите осум се запишани на отсекот Прехранбена технологија и биотехнологија. Факултетот поради слабиот интерес во првиот уписен рок, сите нови студенти кои се запишаа на студиската програма Прехранбена технологија и биотехнологија во учебната 2021/2022 како редовни студенти ги ослободи од партиципацијата во првата академска година - 200 ЕУР во денарска противвредност.
Првите четворица бруцоши беа примени на насоката нутриционизам. Во првиот рок на оваа насока, имаше запишано уште еден студент бруцош, во специјалната квота.
На двете насоки имаше по 20 слободни места. Факултетот работи во рамките на Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола. Наставата трае осум семестари.
Tweet |