Петар Печков
Објавено: сабота, 08 ноември 2014
Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба на дела од ликовната колонија ,,Папрадишки мајстори, која се одржа кон крајот на август и почетокот на септември во Велес.
Изложбата ја отвори Ангел Коруновски, претседателот на ЗГ „Папрадишки мајстори” воедно и организатор на колонијата. Пред велешката јавност се дела на 18 автори кои десетина дена твореа во куќите на уметноста, на Касапови и на Џинот.
Застапени се повеќето сликарски техники, цртеж, слика, скулптура. На колонијата имаше автори од Хрватска, Словенија, Русија, Бугарија, Србија и Македонија.
Tweet |