речник контакт

Отворена изложба на дела од ,,Папрадишка колонија,, (фото)

Претставени се 40-тина дела од 20 автори од шест земји

Петар Печков

Четириесетина дела, повеќето масло на платно се претставени пред  велешката јавност а поставени во Ликовниот салон.  Тоа се слики кои дваесетината  учесниците на 12-тата сликарско –копаничарска колонија  ,,Парпадишки мајстори,,  при  крајот на август месец ги создадоа во куќите на уметноста, во Џинот и Касапови.  Претставени се дела на автори од  Русија, Словенија, Србија, Турција, Бугарија и Македонија

Со оваа колонија се обидуваме да ја рашириме  ликовната култура до секој граѓанин, да ја збогатиме културната ризница во градот.  Се надевам дека овие дела ќе разубават многу институции  каде тие ќе бидат поставени – изјави   скулпторот Ангел Коруновски, кој како претседател на Здружението на граѓани ,,Папрадишки мајстори,, е организатор  на манифестацијата.

Специјално за отворањето на изложбата од Москва допатуваа и две авторки  Јулија Жукова и Ала Квастунова кои имаат заедно повеќе од 70 самостојни изложби и учествувале на стотина  колонии низ Европа. Меѓу прикажаните дела се и неколку слики на двајца автори Павел Цицка и  Павел Хајко  од позната Ковачица од Војводина, светскиот центар на  навината ликовна уметност како и на познат сликар наивец Илдико Сзлацки од Суботица.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »