Петар Печков
Објавено: вторник, 14 декември 2021
Отворените испусти со фекалната канализација во градов, ќе бидат решени со изградбата на фекална и канализациона мрежа, добиена со проектот од ЕУ. Ова е одговорот на градоначалникот Марко Колев, по поставеното прашање од советникот на Левица, Игор Смилев, како и кога локалната власт планира за да ги реши овие испусти.
Од нив се шири лоша миризба но и уште полоша глетка. Тие се лоциран близу Малото мовче, кај галеријата и кај ракометното игралиште во Градски парк. Фекалната канализација , со поместувањето на Вардар сега се излева десетина метри подалеку од реката.
„Очекувам дека со Министерството за животна срдина наскоро ќе склучиме договор, со кој се обезбедени средства за пречистителна станица за Велес и Штип. Тоа ќе биде почеток на решавање на овој проблем, кој ќе се решава следните години. До тогаш ќе реагирам до ЈКП Дервен да постават уште некој цевка, за да фекалиите да не се излеваат во град, туку да бидат директно во реката“ - кажа градоначалникот Колев.
Tweet |