речник контакт

Отворен е „Вардарски иновациски хаб“

Младите добија простор каде ќе ги развиваат нивните знаења и идеи

Петар Печков

Младите од Велес добија нов простор каде ќе може да ги надградуваат нивните знаења но и да развиваат идеи. Реновираниот простор на поранешната Народна кујна во месноста Дворови,  е местото  каде  е отворен „Вардарски иновациски хаб“.

Тоа е проект реализиран преку Вардарски плански регион, финансиски поддржан од ЕУ.  Освен младите жители од Велес, просториите ќе може да ги користат младите од Вардарскиот регион.  

„Уште кога бев раководител на Центарот на Вардарскиот плански регион, започна реализацијата на овој проект. Сакав во Велес да се случи, еден од напуштените објекти, кои не се користи, да се стави во функција на младите. Тоа се случи. Покрај Европската куќа во поранешното кино,  ова е втор таков проект. До крајот на годинава очекувам нов повик и нова можност за реализација на нови проекти со европски пари во Велес“ - кажа градоначалникот Марко Колев.

„Посетителите на обуката се млади лица,  млади таленти, кои  ќе имаат можност да ги развиваат своите идеи во ИТ индустријата и ќе добиете доволна  поддршка за  развој на вашите идеи. Ги охрабрувам сите учесници да го промовираат просторот и настаните тука“ - рече  Елени Фелеки од Солун Грција,  од  организацијата „СЕПВЕ“ носител на проектот, кратенка за ИТ компании лоцирана во Северна Грција. Тие  заедно со „Преда плус“ се носители на проектот.

Реконструкцијата и опремувањето на „Вардарскиот иновациски хуб“ во Велес, е финансиран од проект за задгранична соработка на ЕУ во висина од 13 илјади евра.

Неговата работа започна денеска со четиридневна  тренинг обука „Design Thinking“ и учество на млади лица од  Вардарски регион,  кои работата на идеи за развој на туризмот во регионот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »