Аница Солева
Објавено: вторник, 24 јануари 2006
Здружението на граѓани \"Галеби\" од Чашка, со проектот Развој на општините, реализиран преку Светската банка, го отвори мотелот \"Богомила\", во истоименото село, во реонот на Азот. Во мотелот, кој има ресторан за 60 гости, 12 соби со 35 легла, сите со бања и санитарен јазол, а некои и со телевизор, се инвестирани 50 илјади долари. Мотелот почна да работи пред новогодишните празници, а во него зимуваат деца од Куманово, Штип и од Лозово. Ноќевањето чини 370, а полн пансион е 630 денари. Мотелот \"Богомила\", кој е изграден во просториите од поранешниот интернат на основното училиште \"Петар Поп Арсов\" во Богомила, долго не беше во функција, поради што Општината Чашка му го преотстапи на Здружението на граѓани \"Галеби\". Со овој проект се вработени четири лица. До мотелот, кој е на надморска височина од 600 метри, може да се стигне по асфалтен пат, еден час возење од Велес, или со воз. Извор:[url=www.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2959&stID=71050&pdate=2006011]www.dnevnik.com.mk[/url]
Tweet |