Петар Печков
Објавено: четврток, 05 јули 2018
Вчеравечер, среда беше отворен 15-тиот јубилеен Фолклорен Фестивал Велес 2018. Со учество на 18 ансамбли од шест држави, велешани до сабота вечер ќе имаат можност да уживаат во ритмите, танците и традицијата на гостите учесници.
Велес овие денови е престолнина на фолклорот на Балканот. Кога во не толку далечната 2003 година, пред 15 години го основавме фестивалот сонувавме да дојде овој ден, Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“ да стане убедливо најмасовната, најпосетуваната културна манифестација во Велес и искрено ви благодарам за вашето масовно присуство - рече градоначалникот Коцевски отворајќи го Фестивалот.
Пред преполниот Амфитеатар се обрати и претседателот ан Организациониот добро Томе Јаневски, кој кажа дека имале тешка задача да направат избор на фолклорни ансамбли кои ќе бидат учесници за да го здржат високото ниво постигнато изминатите години.
Опфанавме различни континенти, култури и традиции и на едно место, овде да ги претвориме во незаборавна манифестација која долго ќе ја помниме. Тука во Амифитеатарот може да се види единството на различностите, и раскошот на фолклорот како израз на традиционалната анационална култура на секој народ - рече Јаневски.
Од десетина учесници првата вечер, изненадување беше настапот на Градскиот дувачки оркестар од Штип, кој настапи со повеќе светски музички класики.
Tweet |