Петар Печков
Објавено: петок, 14 јули 2023
Во партнерство со Министерство за труд и социјална политика и Агенција за вработување на РСМ, Општинската организација на Црвен крст Велес објави оглас за невработени лица како дел од „Економија на грижа“програма во рамките на Оперативниот план на активни мерки и програми за вработување „Шанса за сите 2023“.
Со овој проект, 150 невработените лица ќе добијат можност за посета на бесплатни тримесечни обуки за негувателки и асистенти, реализирани на локално ниво, по што ќе имаат отворена можност за вработување во приватни установи за социјална заштита на стари лица и здруженија на граѓани.
Идните работодавачи ќе вработат 100 обучени ново вработени негувателки кои ќе испорачуваат социјални услуги за помош и нега во домовите на крајните корисници.
Аплицирањето се врши во 30 центри за вработување при Агенција за вработување со едноставно пополнување на пријавата.
Во рамките на програмата „Економија на грижа“ во 2021 и 2022 година, 470 невработени лица од државата ја поминаа стручната обука, 212 се вработија во 25 здруженија на граѓани, како даватели на социјални услуги на локално ниво.
Пријавувањето е до 19-ти јули.
Заинтересираните лица може да добијат повеќе информации во ОО на Црвен крст Велес, лично или на тел. 043/231 - 537.
Tweet |