Петар Печков
Објавено: вторник, 02 септември 2014
Во понеделникот вечер откриена е нова група на илегални минувачи, на железничката станица во Велес. Овој пат била далеку помала, околу 20-тина, сите повторно бегалци од Сирија.
За разлика од претходната вечер кога дојдоа во меѓународен товарен воз, кој превезувал јаглен, и беа околу 150, оваа група се превезувала со локалниот патнички воз од Гевгелија до Скопје.
Откако возот сопрел на станицата, полицијата влегла и ги изнела илегалците од вагоните. По кратко задржување на станицата во Велес, биле префрлени до прифатен центар во Скопје.
Очигледно дека некој ги подучил бегалците, да не се возат со отворени товарни вагони, згора тоа полни со ќумур, па сега допатуваа со патнички воз. Минатиот пат имале вистинска среќа што не им се случила несреќа, оти над нив на 2-3 метри е електричниот вод, каде минува електрична енергија со висок напон, за да ги движи возовите. Како се качиле во таков вагон, кога над нив е опасност по живот, не знам. И како патувале, не можам да сфатам оти ако малку само се кренеле, можеле да добијат струен удар - вели вработен во железничката станица во Велес.
Oд МВР го потврдија настанот, прецизирајќи дека групата борела 18 лица и се работи на овој нов случај бегaлци од Сирија, втор за два дена на железничката станица во Велес.
Tweet |