Петар Печков
Објавено: четврток, 17 февруари 2011
А.С. (21) и Г.М. (24) двајцата од Велес, заработија кривични пријави за разбојништво бидјеки ограбиле старец и во два наврти бензиска пумпа . Тие на 14.02.2011 година во 19,30час. тропнале на вратата од куќата сопственост на лицето К.Б. (82) од Велес лоцирана на улица „8ма Велешка Бригада“ , и откако сопственикот им отворил, го турнале на подот и двајцата впериле пиштоли во него барајќи да им покаже каде му се парите. Истиот од џебот од пантолоните извадил 13 000 денари и им ги дал. Откако ги земале парите и други поситни предмети, со широка селотејп трака му ја залепиле устата и го врзале за стол, по што ја напуштиле куќата.
Полицијата открила дека претходно пријавениот А.С. ноќта на 26.10.2010 година околу 02,00час. сам сторил разбојништво што, откако претходно на лицето си нацртал брада , сам влегол во објектот на бензинската пумпа сопственост на Мак Петрол лоцирана покрај автопатот Гевгелија-Велес во близина на исклучокот за село Караслари, вперил пиштол-плашливец во вработениот Д.Р. и побарал од него да му ги даде парите. Откако вработениот му дал 13 000 денари, пријавениот го внел во магацинскиот простор каде се обидел да го заклучи, но бидејќи не успеал, го изнел надвор, ја заклучил вратата од објектот и му рекол да се оддалечи од објектот и не превзема ништо.
СВР Велес расветли уште едно кривично дело разбојништво сторено на ден 07.02.2011 година, кога двајцата пријавени ноќта околу 02,00час. со патнички автомобил марка Фолксваген Пасат со велешки регистерски ознаки се упатиле кон истата бензинска пумпа кај село Каласлари . Откако стигнале до бензинската, во автомобилот првопријавениот повторно си нацртал на лицето брада, по што заедно влегле во објектот. Првопријавениот извадил сигнален пиштол, го вперил во вработениот П.Џ. и лицето И.Д. и со закана барал да му ги дадат парите од прометот. Откако вработениот им дал 13 000 денари, пријавените од полиците одзеле повеќе штеки разни цигари и прехранбени производи. Двајцата оштетени ги затвориле во санитарниот чвор, и откако излегле надвор ја затвориле вратата од објектот со селотејп трака.
Во просториите на Секторот за внатрешни работи Велес извршено е препознавање, при што сторителите беа препознаени од страна на оштетените.
Tweet |