Петар Печков
Објавено: сабота, 15 јули 2017
Научници од Египет пронашле ракопис , за кој сметаат дека е оригинален текст напишан од таткото на западната медицина Хипократ.
Ракописот испишан на иструган пергамент, содржи рецепт за лек што му се припишува на Хипократ. Рецептот е пронајден при скенирање на друг ракопис испишан преку оригиналниот текст.
Станува збор за пергамент на кој последниот ракопис е стар најмалку 1500 години и тој ќе биде меѓу најстарите и најважните ракописи во светот, изјави професорот Мајкл Филипс.
Тој додава дека засега се уште не се знае за каков рецепт станува збор, но нагласува дека покрај текст на пергаментот има и цртежи на билки.
Монасите пишувале преку него, најверојатно затоа што пергаментот во почетокот на новата ера бил многу скап.
Документот е откриен во текот на реставрација на библиотеката во манастир „Св. Катерина“ во Јужен Синај.
Tweet |