Петар Печков
Објавено: вторник, 14 јули 2015
СВР Велес најави дека го открила велешкиот напаѓач на женски ташни. Според нив тој сторил најмалку 18 кривични дела ,,тешки кражби,, и ,,кражби,, кои го правел на дрзок начин. Сторителот делувал од септември 2014-та до јули годинава, кога во различен период на денот и на различни локации, напаѓал жени, најчесто повозрасни.
Тој со употреба на сила, со туркање, грабање, тегнење, им ги одземал чантите или паричниците на жените кои биле сами на прошетка или пазарање,по што веднаш се давал во бегство. Ова го правел во центарот на градот, околу Поштата, гробиштата на црквата Св. Спас.
Од одземените чанти и паричници, ги земал парите и златниот накит, додека личните документи и другите предмети кои биле во чантите ги фрлал во реката Вардар, во паркови или ги сокривал во напуштени куќи. Дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на оштетените.
Од полицијата додаваат дека осомниченото лице, за кое не ги соопштуваат ниту иницијалите, е познат сторител на вакви и слични кривични дела, за што му се изрекувани и условни затворски казни. Тие работат на целосно документирање на делата, по што ќе следи соодветен поднесок.
Tweet |