речник контакт

Отфрлени кривичнитe за случаите ЈВП Лисиче и Градски аптеки

Четворицата осомничени нема да се гонат, полицијата не понудила доволно.

Петар Печков

Велешкото Јавно обвинителство ги отфрли кривичните пријави за наводни нелегални финансиски работи во ЈВП Лисиче и Градски аптеки, кои полицијата ги поднесе пред две години а со што државата беше оштетена за десетина милиони денари. Радојко Цветковски од Скопје-поранешен директор на јавно претпријатие Лисиче и Ордан Ристовски од Велес - директор на друштво за градежништво проектирање и трговија Ива-инженеринг, беа осомничени од полицијата сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања и кривичното дело измама. Истрагата на обвинителството не ги потврдила индициите на полицијата, по што тоа се откажало од натамошно гонење,за наводна штета врз ЈВП Лисиче од 1,98 милиони денари. Обвинителството се откажа и од кривичните пријави поднесени против Ирфан Лимани од Велес поранешен раководител на подрачната служба Велес во Фондот на Здравство и Бранка Митева од Велес, управител на ПЗУ Градска аптека Велес. Полицијата против нив поднесе кривични за злоупотреба на службена положба и овластувања, при што ги товараше дека го оштетиле Фондот за 8,3 милиони денари. Спроведената истрага покажала дека двајцата не се одговорни за овие дејствија, по што обвинителството и за ова се откажало од кривично гонење.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »