речник контакт

Офицерски вратен, но сеуште не е познато за што тој ќе служи

Од Министерството за одбрана велат дека дали ќе го користат тие, дали ќе го дадат по наем, или ќе го преостапат на користење на друга државна институција не разговарале

Петар Печков

         Министерството за одбрана си го врати во владение Офицерскиот дома во Велес. Иако правосилната пресуда на Апелација беше донесена во средината на ноември лани а рокот за иселување на повеќе години нелегалните корисници беше до  средината на декември  2011-тата , тоа се случи осум месеци подоцна.

Во петокот во раните утрински часови, лица од    ресторанот ,,Снупи,, сами си ја однеле угостителската  опрема, додека неколку дена претходно истото го сторила и фирмата ,,Никола Комерц,,  од првиот кат на административната зграда. Од Министерството за одбрана потврдуваат дека по повеќе месечни натегања објектот е добиен назад. Тие уште пред два месеци преку судски извршител побарале некогашниот Офицерски дом да биде иселен и ослободен од користење. Откако во писмена форма   ,,Снупи,, бил информиран дека присилно ќе биде иселен до крајот на неделата, сопственикот одлучил тоа сам да го стори,  да избегне да ги плаќа и трошоците за селење ако тоа го изведеле судските извршители. Селењето било изведено без проблеми а присутната полиција немала никаква интервенција, велат од Министерството за одбрана.

Враќањето во владение на Офицерскиот дом во Велес е еден од низата чекори кој Министерството за одбрана ги преземе за враќање  на објекти кои биле дадени на користење, но нивните корисници  не ги почитувале договорите, по што истите судски правосилно се добиени. Тие чекале подолго време за извршување, па така по базенот во Аеродром, деновиве вратен е и велешкиот Офицерски дом – изјави Селвет Барути портпарол на Министерство за одбрана.

Судската разрешница на  спорот за Офицерскиот дом во Велес   траеше со години, а во кој Министерството за одбрана ја тужеше фирмата ,,Никола – Комерц,, од Велес. Домот на АРМ во 2001-та бил отстапен на користење  по цена од две германски марки за квадрат и 1,05 од квадрат за летната бавча. Но тие пари во месечен износ  1.217  германски марки во денарска противвредност на денот на плаќањето по средниот курс,  за период од 10  години  никогаш не биле платени.

Договорот е во марки,  бидејќи тој е потпишан во септември 2001 година. Објектот  има  477 м2  во тврда градба и летна  бавча од  254 м2. Претходно Домот на АРМ во 2000-тата беше продаден на Кољо Мечкаров за 244 илјади евра, но тој  не го платил навреме, поради што договорот за купопродажба беше раскинат. Од Министерството за одбрана засега немаат конкретни планови што натаму со овој објект.

 Министерството решава индивидуално за секој објект што натаму со него. Дали ќе го користиме ние, дали ќе го  дадеме по наем, дали ќе го преостапиме на користење на друга државна институција, засега не е  разговарано – рече Барути. Претходниот министер за одбрана Коњановски најави дека Домот на АРМ ќе го даде на локалната власт на општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »