Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 април 2026
Неделата попладне возач со потекло од Охрид, кој управувал автомобил шевролет, на сообраќајницата Штип –Велес, после крстосницата за Иванковци, возел со брзина три пати поголема од дозволената. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 26.04.2026 во 17:00 на патот Штип-Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.Н.(37 год) од Охрид. При контрола со радар било констатирано дека управувал патничко возило „шевролет“ со охридски регистарски ознаки со брзина од 126 километри на час на место каде што максимално дозволената брзина е 50 километри на час“ – соопштија од СВР Велес.
По целосно документирање на случајот, против него полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
| Tweet |




