речник контакт

Оштетениот од убиството во обид претходно добил кривична пријава за загрозување на сигурноста на осомничената

Т.Д. доби притвор од еден месец

Петар Печков

Против Т.Д. полицијата  поднела кривична пријава за кривично дело „убиство во обид“  и според  членот од Кривичниот законик, сторено  при семејно насилство за кое е предвидено казна и доживотен затвор. 

На осомничената Т.Д. и е изречен притвор во траење од 30 дена од судија во предистражна постапка при Основен суд Велес, по барање на обвинител од ОЈО Велес.

На поставеното прашање до СВР Велес, дали  Д.Т. која е осомничена во овој случај, има пријавувано насилство од страна на денес оштетениот невенчан сопруг, велешката полиција потврди дека имало пријава и пуштено кривична пријава до ОЈО Велес. Тој живеел во вонбрачна заедница со осомничената, бил од Кавадарци каде имал сопруга од која не бил разведен. 

„На 22.12.2025 СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против сега оштетениот, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ казниво по член 144 од Кривичниот законик. Имено тој на 14.12.2025 во угостителски објект во Велес и се заканувал нa неговата вонбрачна партнерка Т.Д., по што бил лишен од слобода и задржан во полициска станица“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева портпарол на СВР Велес. 

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »