Петар Печков
Објавено: четврток, 21 јули 2016
И покрај напорите на локалната власт да ја уредат и разубават околината на Езерото „Младост” со поставување на урбана опрема, за жал, несовесни граѓани неодамна уништиле дел од поставените клупи и летниковци. Украдени се крововите од неколку летниковци, поставени по патеката покрај езерото. Надлежните сметаат дека ова е сторено со намера и свесно.
Елементите кои се скршени се дебели по 10 цм. И затоа тврдам дека е свесно оштетено, не е случајно. Користени се и дополнителни средства за уништување, не е со рака. Граѓаните ќе уживаат во езеро Младост. Ова е појава со која се соочуваме со години наназад. Вандализмот несакано стана пракса која наместо да биде минато, се почесто ја гледаме на уредените локации. Овие штети ќе ги поправиме, но тоа ќе чини а средствата ќе бидат искористени од нешто друго што било планирано да се гради – изјави градоначалникот Чадиев.
Пред почетокот на туристичката сезона на езеро Младост, беа поставени 60-тина летниковци на 11 пунктови а беше поплочен е дел од околината. Истите за кратко време беа посетени и користени од велешани но и гостите покрај вештачката акумулација.
Tweet |