речник контакт

Оџак има фабрика нема

Оџак има фабрика нема, овој несекојдневен случај го има во Велес. Високиот оџак е остаток од некогашната фабрика Вила Зора и се ноѓа во близина на Солено чешмиче, во стариот дел на градот, под Којник. Со години поголемиот дел од зградата се срушил од неа останало малку а видлив е само оџакот. Времето го сторило своето но спомените кај жителите останале.

Петар Печков

Оџак има фабрика нема, овој несекојдневен случај го има во Велес. Високиот оџак е остаток од некогашната фабрика Вила Зора и се ноѓа во близина на Солено чешмиче, во стариот  дел на градот, под Којник. Со години  поголемиот дел од зградата се срушил од неа останало малку а видлив е само оџакот. Времето го сторило своето но спомените кај жителите останале.

- Вила Зора и фабриката на Левкови не постои околу 25 години, но остана споменот на неа преку овој оџак. Тој е спомен на едно време и буди некои заборавени моменти-вели Киро Мачавелов. Кога тој се родил  пред 72 години на ова место и тогаш фабриката постоела.

Никој од соседите не можеше да каже кога таа била изградена, сите е сеќаваат дека израснале со неа, дека околу биле куќите не сопствениците, тројцата браќа Левкови. Произведувале земјени кумци за канализација. По 1945-тата била национализирана и го добила името Вила Зора. Подоцна станала дел од фабриката за керамиди Киро Ќучук, за да пред 25 години со новата технологја се затвори. Иако нејзините производи биле квалитетни, а за фабриката се знаело надалеку на Балканот, новото време ги исфрлило од употреба земјените кумци, како и саксиите, ќуповите што тука се изработувале.

\"\"Соседот чичко Дончо скришно ме фаќа за рака и ме носи во подземните простории, остатокот од некогашната фабрика. Тие се затрупани со смет и земја, но во една останеле неколку парачиња ќумци кој тој со гордост ги покажува.
- Гледај, колку време е минато а тие сеуште се здрави и одолеваат на времето-објаснува чичко Дончо.

Од фабриката има остаток на само една просторија, видливо дека биле купатилата кои ги користиле работниците, се познава по плочките и тушевите на ѕидот. Потоа повторно надвор и поглед кон оџакот изграден од тули. Висок е околу 25 метри, десетина се затрупани од земја, кога некој од соседите градел куќа, додека десетина метри се урнати од највисокиот дел поради безбедност по околината.

Сето ова упатува дека оџкот вил висок 50-тина метри. Тој е идентичен со тој на Маслодајна. Го градел ист мајстор како тој на Органџиеви, двете фамилии се натпреварувале кој ќе работи подобро. Велешани со почит велат дека иако биле газди и Левкови и Органџиеви, ама секогаш имало за работниците.

Оџакот на фабриката на Левкови или Вила Зора, лоцирана на улица Љубен Весов, е знаменитост на овој дел на градот, реткост бидејќи ја нема зградата а тој штрчи кон небото, борејќи се со новите градби во околината да го привлече вниманието на минувачите. Комшиите едногласни, оџакот не им пречи и е обележје на градот. Оставаат аманет за следните поколенија да го сочуваат  за да се знае зошто овој дел на Велес се вика Вила Зора.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »